7 симптоми на менингитис кои секој родител треба да ги знае

Менингитисот е заболување кое претставува воспаление на мозочните обвивки.

Пишува: Црнобело

Причините за ова заболување може да бидат многу различни, но симптомите на различните видови се обично многу слични.

Со оглед на тоа што многу деца страдаат од менингитис, ги потсетуваме родителите на симптомите преку кои може да познаат нешто вакво и на кои треба посебно да им обрнат внимание.

Секако, доколку поединечно ги имаат овие симптоми, не треба да кревате паника, бидејќи голем дел од нив се сосема нормални, но доколку се појават заедно, не ги занемарувајте без да ги проверите.

Ненадејна треска

Еден од знаците на менингитисот е треската која се појавува ненадејно. Детето почнува да се тресе и се жали дека му е постојано ладно. Температурата брзо се качува и тешко се симнува.

Но, ова е сосема нормален симптом и за обични настинки, па не паничете веднаш, туку обрнете внимание и на другите карактеристики во промената на состојбата на детето.


Силна главоболка

Главоболката предизвикана од менингитис не е само силна, туку е и речиси неподнослива. Во овој случај, често болката се врзува и во вратот, но со оглед на фактот дека главоболката е пресилна, не се обрнува внимание на тоа од каде доаѓа.


Матење на видот

Пациентите со менингитис не можат да го фокусираат видот, поради што сликата што ја гледаат во очите е постојано заматена и народски речено „гледаат дупло“.


Болка во абдоменот, гадење и повраќање

Пациентите со менингитис го губат апетитот, а големо влијание за тоа има постојаното гадење, кое може да биде пропратено со болка во стомакот и повраќање.


Сензитивност на светлина

Уште еден знак на менингитис е стравот од силна светлина, заради која очите на детето почнуваат да се влажнат, а гадењето и главоболката се зголемуваат.


Неможност да се исправат нозете

Ако главата на пациентот се навали кон неговите гради, неговите нозе веднаш ќе се свиткаат во колената и во оваа позиција нема да можат да се исправат. Овој феномен се нарекува Горен Бруџински.

Знакот на Керниг пак, претставува неможност да се свитка коленото, доколку едната нога е крената и поставена под агол од 90⁰ во однос на другата нога.


Осипот на кожата не избледува

Со менингитисот, можни се осипи на кожата, а за да ги разликувате од оние кои не се поврзани со ова заболување, направете едноставен тест.

Ставете чиста проѕирна чаша на осипот и притиснете ја кожата додека осипот не избледи.


Што да правите?

Менингитисот е опасна болест, па ако ги забележите сите овие симптоми, треба веднаш да побарате брза помош. Пред да стигнат докторите, создаде мирна атмосфера околу пациентот и изгасете ги светлата.

Кажете ги симптомите кои сте ги забележале и следете ги упатствата на лекарите.

No comments

Powered by Blogger.