Оваа земја е на големи маки: Им фалат 78.000 работници, а во најлоша ситуација се овие два сектора

Пишува: Точка

Вртоглавиот економски раст во Шведска се соочува со веќе познат проблем: недостиг на квалификувана работна сила.

Имено, дури и по приливот на мигранти во минатите три години, кои ја зголемиле популацијата на таа скандинавска земја на повеќе од 10 милиони, работодавците се потешко и потешко наоѓаат работници.

Бројот на слободни работни места е најголем од 2000. година: во август пораснал на 78.000, што е за 9 проценти повеќе во споредба со една година претходно и дури 41 процент повеќе отколку пред две години.

Сојузот на шведски претприемници, кој претставува 60.000 компании тврди дека недостигот на работници може да го загрози економскиот раст. Истражувањето спроведено во јуни покажало дека повеќе од 75 проценти од компаниите кои бараат работнци имаат проблем со нивно пронаоѓање.

"Недостигот на работници во моментов е многу голем и во многу подрачја станува акутен", истакнува за BloombergТорбјорн Халдин, економист од тоа здружение.



Недостигот на работна сила мачи 12 до 15 сектори, а најлоша е ситуацијата во градежниот и образовниот сектор.

Владата проценува дека економскиот раст во оваа година изнесува три проценти, веќе трета година по ред, а идната година ќе забави на 2,5.



Централната банка "Риксбанк" исто така тврди дека пронаоѓањето на работници со правилните вештини се проблем за економијата, истакнувајќи дека невработеноста е на приближно еднакви нивоа како и пред финансиската криза во 2008. година, но дека бројот на отворени работни места во тој период се удвоил. Сепак, овој недостиг на работна сила би можел да биде добра вест, со оглед на тоа дека платите во последните години во Шведска не растеле.

Во Шведска во моментов без работа се 300.000 луѓе, а стапката на невработеност меѓу жителите родени во Шведска изнесува 3,9 проценти, што е најмалку од 2008. година, додека меѓу странците изнесува 22 проценти.

No comments

Powered by Blogger.