6 причини поради кои треба да ги (за)сакате вашите мали гради

Дали ви се превртува во стомакот од изразот „рамна како штица“ и мислите дека сите потајно ѕиркаат во вашето празно деколте, сожалувајќи ве притоа?

Пишува: Точка

Ако припаѓате во групата девојки кои имаат многу мали гради, имаме само едно прашање за вас: Па што дека?

Денешното општество стана опседнато со големината. Важно е да имате екстремно полни усни и многу големи гради, бидејќи некој го воведе тој лош мит на привлечност. Ние сметаме дека навистина е доста со ваквите лоши предрасуди.

Всушност, сите гради се прекрасни, најважно е да бидат здрави и да се гордеете со нив какви и да се.

Ова се 6 непобитни факти зошто треба да ги (за)сакате вашите мали гради доколку веќе не го правите тоа:

Малите гради може да бидат почувствителни и посензуални од големите

Истражувањето спроведено на еден Универзитет во Виена тврди дека малите гради се многу почувствителни од поголемите, притоа правејќи ги и посензуални.

Познат естетско-реконструктивен пластичен хирург од Њујорк го поткрепи ова тврдење со фактот дека кожата околу малите гради е потенка, а нервните завршетоци се понапнати, што значи дека малите гради се почувствителни на допир, особено за време на сексуалната предигра.

За време на истражувањето во Виена се утврдило дека жените со поголеми гради покажале 24% помала стимулација при надразнување, во однос на оние со помали гради. Тоа е скоро една четвртина од вкупниот број на испитаници, што секако е незанемарувачка бројка.

Следниот пат кога ќе бидете во креветот со вашиот партнер, потсетете се дека чувствителноста и привлечноста на вашите мали гради е потврдена и од страна на науката.

Неносењето градник е здраво

Науката воедно докажала дека долгорочното носење градник може да остави последици врз женското здравје.

Градниците го уништуваат ткивото, ја намалуваат циркулацијата и водат до прерано опуштање на мускулите. Ж

Жените кои имаат мали гради не мора да се грижат за овие работи, бидејќи без никаков проблем може да го напуштат домот неносејќи градник.

Дали ви е познато доброто чувство кога конечно ќе се симнете од високите потпетици после долгиот напорен ден? Или откопчувањето и фрлањето на градникот после 8 часа поминати во него?

Кога не носите градник, ваквото ослободително полетно чувство ве следи постојано. Жените со големи гради често пати имаат проблеми со болки во вратот и ’рбетот и, за жал, не можат така лесно да се откажат од луксузот наречен – нема да носам градник денеска.

Ако се мали, не значи дека не висат

Секојдневното носење градници може да доведе до олабавување на градното ткиво и мускулите, а градите „да виснат“, без разлика дали се големи или мали.

Тоа значи дека без оглед на големината на вашите гради, не сте поштедени од овој процес. Всушност, поважно е какво е ткивото, а не колку го има.

Секогаш кога некој ќе почне да ве теши за големината на вашите гради, сакајќи да ви даде лажно чувство на емпатија, потсетете ги на другите предности кои ги имате со вашите мали гради, бидејќи против гравитацијата не може да се изборат ниту најмалите на светот.
Малите гради имаат доволно млеко како и големите

Големината на градите нема никаква врска со количеството на мајчино млеко кои го содржат во себе. Големината ја одредува ткивото на градите, а не млечните жлезди.

Постојат многу примери на жени со големи гради, но со оштетени млечни жлезди и вовлечени брадавици кои не биле во можност да го дојат бебето, за разлика од оние со помали гради кои тоа го правеле без никаков проблем.

Малите гради овозможуваат подобро држење на телото

Големите гради знаат да бидат потешки, што значи дека создаваат дополнително оптоварување на грбот, што често пати води до искривување на кичмата и притисок на вратот, како и горниот дел од половината.

Жените со мали гради, од друга страна пак, го немаат тој притисок, одат поправилно, исправено и генерално имаат подобро држење на телото. На долгорочни патеки ова се одлични вести за вашиот ’рбет.

Не мора да значи дека малите гради ќе останат секогаш мали

Веројатно сите сте забележале како градите некои денови изгледаат помали, а некои денови се поголеми и побујни. Ова секако има врска со повеќе фактори: менструалниот циклус, бременоста, доењето на новороденчето, бројот на килограми.

Факт е дека некои мали гради со текот на времето може да станат помали, исто како што и некои поголеми гради може да се смалат.

Што е сепак најважно на крајот од денот? Како што споменавме, најважно е да имате природни и здрави гради, да се чувствувате сигурни, самоуверени, среќни и исполнети без оглед на големината на вашиот градник.

No comments

Powered by Blogger.