Храбри патници летале со последниот лет 666 за HEL на петок 13-ти

Пишува: Точка

Скандинавската авиокомпанија “Finnair” која има практика на секој петок 13-ти да лета патници од Копенхаген до Хелсинки, одлучи дека летот AY666 ќе биде последниот лет.

Летот познат како “AY666 to HEL” ги пренел патниците од Данска до Финска вчера, на петок 13-ти во 13 часот.

Патувањето на денот кој се смета за најнесреќен во годината многумина го прескокнуваат, особено оние од ваков тип кои полетуваат во 13 часот.

“Денес е последниот наш лет нумериран како AY666 кој ги превезува патниците до Хелсинки”, изјавил вчера портпаролот на “Finnair” и додал дека во текот на 11-те години работење, AY666 летал 21 пат токму на овој ден.

За среќа, пилотот Кеидасто кој е задолжен за овие летови вели дека воопшто не е суеверен и дека не се плаши да го управува авионот на петок 13-ти.

Петок 13-ти се смета за несреќен ден, бидејќи Библијата го наведува тој ден како ден на Исусовата смрт. На овој ден во 1927 година се случила втората најголема катастрофа на берзата, а деловните неуспеси и банкроти ги натерале очајните брокери да се самоубијат, фрлајќи се од прозорците на зградата на Вол Стрит по што овој ден е запаметен како “црн петок”.

No comments

Powered by Blogger.