Сѐ за 60 евра: Иванка Трамп во дамска комбинација од Zara (фото)

Иако може да си дозволи скапи дизајнерски креации, ќерката на американскиот претседател се облече во гардероба која не чини многу, а ја носат девојките ширум светот.

Пишува: Црнобело

За разлика од Меланија, која на социјалните збиднувања и службените посети со сопругот, вообичаено се појавува во луксузни дизајнерски парчиња, ќерката на Доналд Трамп е далеку поскромна, барем кога се модните избори во прашање.

Иванка Трамп важи за икона на стилот во САД, но честопати носи поволни парчиња од брендовите за висока улична мода.



А, баш како и многу други „обични смртнички“, ни таа не може да ѝ одолее на понудата од Zara.

По сѐ изгледа, популарниот шпански бренд ги освои симпатиите и на ќерката на американскиот претстедател, за што сведочи и нејзиното неодамнешно појавување на настан во дворот на Белата куќа.



Целокупната модна комбинација на Иванка Трамп ѝ е од Zara, а изгледа многу поскапо, одошто навистина е.

Гардеробата чини околу 60 евра, по европски цени.



Во согласност со пригодата, таа се одлучи за посериозен дамски изглед.

Сепак, никој не може да оспори дека Иванка будно ги следи актуелните трендови.

Сенф жолтата е хит боја и оваа есен, а џемперот во популарната нијанса, Иванка го спои со уште едно тренди сезонско парче - карирано миди здолниште на преклоп.



На ракавите, џемперот џемперот има бисерни перли, детаљот кој годинава „се пресели“ на облеката и обувките.

Од друга страна, карираниот дезен е синоним за стил и елеганција, а ќе доминира на палтата, панталоните и здолништата во тековната сезона.

Како вие го оценувате нејзиниот изглед?

No comments

Powered by Blogger.