Моќта на внатрешниот глас: 6 знаци дека имате силна интуиција

Интуицијата претставува способност да ги предвидите настаните, да почувствувате дали нешто е добро или лошо, или, пак, да сонувате сништа кои ви се остваруваат на јаве. А, внатрешниот глас секогаш треба да се послуша...

Пишува: Точка

Интуитивните луѓе поседуваат моќ да ги набљудуваат интеракциите на одредена личност, а веќе по неколку минути да заклучат каков ѝ е карактерот или животниот стил.

Да знаат и кога соговорникот ги лаже, се обидува да манипулира со нив или има скриени намери, како и да препознаат дали е тажен и има големи проблеми во животот, иако тоа вешто го крие.

Тие чувствуваат и со каква енергија некој зрачи – позитивна или негативна.



Луѓето со добро развиена интуиција интензивно чувствуваат кога на блиските личности им случува нешто лошо.

Имаат соништа кои подоцна ги доживуваат во вистинскиот живот, а честопати, тие и будни предвидуваат необични работи, што некој допрва ќе ги доживее.

Способни се да го видат она што на мнозинството луѓе не умеат да го забележат. Воедно, добро ги разбираат сопствените емоции и чувствуваат што за нив е добро, а што е лошо.



Па, шесте знаци кои потврдуваат дека имате моќна интуиција се:

1. Насетувате дека некој ќе вe побара

Ви се случило ли некогаш да помислите на некого или дека во дадениот момент ќе ви се јави, а одненадеж телефонот да заѕвони?

Да, тоа е повик од личноста на која пред малку се сетивте. Ваквото сценарио им е познато на луѓето кои имаат добро развиена интуиција.

Слично е и кога ќе ви текне на некоја личност дури шетате низ град, па на првиот агол ќе налетате на нејзе, иако можеби веќе долго време не сте се виделе.


2. Чувствувате кога блиска личност е во неволја.

Кога одеднаш ќе се сетите на некого и ве обзема чудно чувство на непријатност, а низ главата ви проаѓа мислата дека нешто му се случува, вашиот внатрешен глас можеби ве предупредува дека тоа и навистина е така.

Интуитивните луѓе чувствуваат кога ближниот е во неволја, а претпоставките неретко им се потврдуваат како точни.

Според нивните кажувања, во тој миг ги обзема некаков необјаснив немир и грижа за тој човек.


3. Познати ви се непознатите места.

Луѓето со моќна интуиција ги доживуваат како познати местата на кои никогаш претходно не биле. И не само тоа – тие добро се снаоѓаат во нив.

Кога по првпат ќе влезат во нечија куќа, знаат каде точно се наоѓаат некои работи, без домаќинот воопшто и да им спомене.

Притоа, не се мисли на очигледните нешта, како тоа дека лажица ќе пронајдете во кујната, туку на малку покомплицирани ситуации.


4. Сонувате нешто, па ви се остварува.

Таквите соништа делуваат пореално, а кога ќе се разбудите – се чувствувате поразлично отколку по класичните соништа.

На поединците со добро развиена интуиција, честопати им се случува да сонуваат нешто, кое подоцна ќе го доживеат и во будна состојба.


5. Преку допир изведувате заклучок за човекот.

На пример, да се ракувате со некого и го погледнете во очи, а веќе да знаете за него многу повеќе одошто тој може и да претпостави.

Можете да заклучите каква личност е, кои се неговите намери, или, пак, со што се занимава.

Луѓето со мошне силна интуиција, имаат способност и да допрат конкретен предмет, претчувствувајќи кому припаѓа или какво е неговото минато.


6. Знаете што ќе им се случи на другите.

Интуитивните луѓе можат да предосетат дали нешто значајно ќе им се случи во животот на ним блиските луѓе.

Секако, не станува збор за тоа колку добро ја познаваат личноста и сѐ што се случува со нејзе, па врз основа на нивните сознанија да донесат заклучоци околу одредени аспекти.

Напротив – се работи за сосема неочекувани настани. Тие се способни да го предвидат она што никој не очекувал дека ќе се случи.

No comments

Powered by Blogger.