Постои љубов на прв поглед + 5 други митови за љубовта во кои упорно веруваме

Живееме во 21 век, но многумина од нас веруваат во истите љубовни митови кои биле популарни неколку векови наназад, за кои патем не постои никаков научен доказ.

Пишува: Црнобело

Од многубројните стереотипи поврзани за љубовта, овие 6 се истакнуваат најмногу.

Колку пати сте ги слушнале досега и уште побитно – колку верувате во истите?
Спротивностите се привлекуваат

Веројатно многу пати сте ја слушнале оваа досадна фраза. Сепак, ова тврдење се покажало како прилично неточно. Вообичаено, луѓето кои се во прилично долги врски или бракови на почетокот при запознавањето откриле дека имаат многу повеќе заеднички работи, отколку различности.

Многу од луѓето внимаваат на овие детали, односно да имаат што е можно повеќе заеднички работи со партнерот. Ова е знак дека двојката има основа за похармонична заедница.

Воедно, докажано е дека двојките кои имаат слични интереси, темперамент и вредности се подобри родители за разлика од партнери кои се целосно спротивни.



Покрај мене тој/таа ќе се промени

Доколку сте од оние кои веруваат дека вашето трпение и љубов се доволни да го сменат партнерот, тогаш заборавате на оваа урбана легенда.

Точно е дека врските вршат огромно влијание врз партнерите. Но, не можете да смените некоја личност, ниту неговиот карактер, колку и да се трудите.

Доколку посакувате партнер кој ќе ве разбере и ќе ве поддржува, побарајте некој/а кој ќе ги дели вашите гледишта и вредности.


Задолжително мора да живеете заедно пред свадбата за да се запознаете добро

При носењето на една важна одлука како што е стапувањето во брак, неопходно е добро да го познавате партнерот кој сте го одбрале. Интуицијата вели дека најдобро е да се живее одредено време под ист покрив пред да го изговорите судбоносното ДА.

Но, тоа не секогаш е најдоброто решение.

Имено, кога се вселувате заедно без никакви обврски и планови, најчесто започнуваат притисоците за озаконување на врската од страна на родителите и најблиските. Притисокот најчесто е лоша почетна основа поради која луѓето носат избрзани одлуки и подоцна жалат за истите.

Едноставно постојат поеднакво добри начини да се запознае партнерот без да мора да се вселувате под ист покрив пред свадбата.


Постои совршена сродна душа

Многумина сонуваат дека ќе ја пронајдат својата идеална половина, односно сродната душа уште на самиот почеток на љубовната авантура.

Ќе се разочарате ли доколку констатираме дека ова ретко се случува во младите тинејџерски денови и дека ќе доживеете многу горчливи љубовни разочарувања пред да го вкусите слаткиот љубовен еликсир?

Воедно, не постои такво нешто како совршена половина. Секој си е совршено несовршен на свој начин. Тоа ја прави љубовта вистинска, а не некоја филмска или книжевна бајка.


Љубовта има рок на траење

Луѓето кои веруваат во ова едноставно се лажат себеси, а и другите околу нив. Со помош на специјално истражување, новопечените двојки реагирале подеднакво емотивно на сликата од својот љубен/а како и паровите кои се во брак од 10 до 29 години.

Мозокот реагирал подеднакво бурно и кај едните и кај другите додека ја гледале фотографијата од својот партнер/ка.

Доживотната љубов е возможна само доколку партнерите се грижат еден за друг, се слушаат и си ги почитуваат мислењата, го знаат значењето на зборот компромис, имаат доверба еден во друг и заедно ги решаваат проблемите.


Постои љубов на прв поглед

Митот е многу распространет, но сепак невистинит. Истражувањата покажале дека при првото запознавање мажите ги оценуваат жените, а се издвоиле 6 начини со кои тие проценуваат дали им се допаѓа девојката пред нив.

Не постои љубов на прв поглед, но и 6 начини се дефинитивно премногу за да ја процените личноста која сте ја запознале.

Еве ја вистината, на жената ѝ се потребни 45 секунди за потсвесно да донесе одлука дали ѝ се допаѓа човекот кој го запознала пред неполна минута.

No comments

Powered by Blogger.