Мултимилионер, вооружен до заби: Братот на напаѓачот од Лас Вегас открил шокантни детали за човекот кој убил 58 луѓе

Пишува: Точка

Напаѓачот од Лас Вегас бил мултимилионер, кој голем дел од парите заработил со вложување во недвижнини, а долги години работел и како сметководител. Така Ерик денес го опишува својот брат Стивен Педок.

Ерик Педок на новинарите во Орландо им рекол дека не знае дали неговиот брат имал финансиски потешкотии.

Според неговите збориви, Стивен Педок трошел многу пари во казина, каде често и бесплатно добивал оброци и соби да преспие.



"Одеше на крстарења и се коцкаше", вели Ерик Педок.

Тврди дека неговиот брат никогаш не покажал знаци дека би можел да биде насилен.



Сепак, како што додал, поседувал неколку пиштоли, но никогаш не собирал огнено оружје.

Стивен, нагласува Ерик, не го интересирале ниту религија ниту, политика, пренесува AP.



Американската агенција објавила дека таткото на напаѓачот бил еден од најбараните криминалци на листата на ФБИ, откако побегнал од федералниот затвор во Тексас во 1968. година.

Тој, додава агенцијата, бил озлогласен ограбувач на банки, кој се обидел со автомобил да прегази агент на ФБИ во Лас Вегас во 1960. година.



Стивен Педок бил тинејџер кога ФБИ печател плакати на кои било напишано дека неговиот татко има дијагноза на психопат.

Таткото на напаѓачот од Вегас, Бенџамин Хоскинс Педок, починал во 1998. година.

No comments

Powered by Blogger.