Се повлекло езеро во БиХ и открило тајна стара 50 години: Погледнете ги сцените кои ги вознемириле тамошните жители

Пишува: Точка

Со оглед на тоа дека оваа година во БиХ имало незапаметена суша, водостојот на тамошните езера драстично опаднал. Тоа посебно се гледа на вештачките езера кои настанале минатиот век, а едно од нив, Билечкото езеро, открило тајна стара речиси 50 години.

Имено, кога водата се повлекла, се појавиле куќи, бунари и дворови од селото кое било потопено за да се направи ова езеро.

На жителите од деловите на селото кои не биле потопени, воопшто не им е пријатно да гледаат како од водата се појавуваат куќи, гробишта и цркви, а постарите жители се сеќаваат на луѓето од потопеното село и распоредот на куќите и останатите објекти. Поради изградбата на браната и езерото, селаните морале засекогаш да ги напуштат своите домови и да заминат на други места.

Медиумите во БиХ пишуваат дека се огласиле и неколку поранешни жители кои биле потресени од глетката, бидејќи, како што велат, многумина од нив ги напуштиле своите домови дури откако водата им дошла до колена.

Ова е веќе втор случај оваа година во Херцеговина, остатоци од куќи да се појават на површината по неколку децении. И Рамското езеро имало најнизок водостој откако постои, па од езерото се појавиле остатоци од селото Копчичи, кое било потопено на ист начин како и селото покрај Билече.

Од езерото се појавиле куќи и бунари, но и гробови и човечки остатоци и предмети со кои се служеле селаните.

Во Херцеговина постојат неколку езера настанати на сличен начин. Минатиот век се граделе брани и вештачки езера за потребите на хидроелектраните, па секое вештачко езеро крие по една приказна за потопените села, кои оваа година на кратко го виделе светлото на денот.

No comments

Powered by Blogger.