5 модни парчиња кои секоја жена треба да ги поседува по 30-тата

Секој човек има сопствен стил и вкус кога станува збор за облеката, но има некои парчиња кои се основа за сечиј стил, посебно за жените по 30-тата година.

Пишува: Црнобело

Во 20-тите години девојките уште бараат баланс помеѓу начинот на облекување со оглед на тоа што треба да го прилагодат за на факултет, за на кафе, за излегување, па и за работа во меѓувреме.

Но, подоцна, кога сфаќаат дека се независни и стануваат посериозни, сите сфаќаат дека им е потребна мала промена во гардероберот.

Во тој момент е важно да не се заборават неколку модни парчиња кои секоја жена треба да ги има за стилот да ѝ биде целосен:
Квалитетна кожена чанта

Додека се помлади девојките, сосема нормално, купуваат секакви чанти, но со цел да поминат поевтино, а да имаат повеќе, најчесто се одлучувааат за понеквалитетни. И тоа е во ред.

Но, по 30-тата година, секоја дама треба да ја дополни својата колекција со по некоја квалитетна и трајна чанта. Препорака од стилистите е да се купуваат кожени чанти во неутрални бои, црна, сива или темно сина кои може да се комбинираат во различни аутфити.



Мантил

Парижанките не можат да го замислат својот гардеробер без квалитетен мантил со добар крој во неутрална боја, кој може да се носи и во пролетни и есенски месеци. Oва задолжително парче облека може да се носи за секакви пригоди – за на работа, на пијалак со пријателките или пак на вечера.

Одлично може да се комбинира и со фармерки, панталони, здолништа и фустани – тој е основа на класичниот стил и мора да го поседувате.


Елегантни удобни чевли

Факт е дека жените се љубители на штикли, но ретки се оние кои навистина знаат како да одат во нив и да изгледаат елегантно и со стил дури и по цел ден поминат „на високо“.

Деновите кога беа модерни екстремно високите штикли поминаа, а посебно за дамите кои се во 30-ите години.

Токму затоа ви е потребен барем еден до два пара елегантни чевли во кои ќе можете да го поминете цел ден без да се мачите – дали тоа ќе биде ниска штикла или ќе бидат чевли без штикла, изборот е ваш.


Градник со големина која ви одговара

Направете си себеси услуга и конечно научете како да одберете градник со правилна големина. Женското тело и градите постојано се менуваат, па важно е да носите модел кој ви одговара.

Не се обидувајте да ги направите градите нешто што не се и според вашето тело најдете идеален модел на градник и најдобра големина.

Вложете во удобен и квалитетен градник со основни бои кои ќе ги прави вашите гради природни и совршени истовремено.


Фустан во кој се чувствувате самоуверено

Без разлика дали преферирате модели со подлабоко деколте или затворени, мини крој или подолг, класичен црн или шарен дезен, важно е секоја жена да има неколку модели на фустани во кои ќе се чувствува самоуверено и тоа сите ќе го забележат.

No comments

Powered by Blogger.