Од овој бакнеж се згрозија сите: Таа има 48 години, а тој само што го прослави 100-от роденден

Пишува: Точка

Луѓето се згрозени со фотографијата која ја сподели Мајкл Даглас од роденденската прослава на неговиот татко, Кирк Даглас. За 100-от роденден на Кирк била организирана гала прослава во Лос Анџелес.

На роденденската забава присуствувале бројни познати личности, но секако главната ѕвезда на вечерта бил самиот глумец, како и неговиот син Мајкл кој се појавил со сопругата Кетрин Зета Џонс.

Како подарок за 100-от роденден, Кирк добил бакнеж од најубавата жена на светот. Тоа воопшто не му се допаднало на фановите, бидејќи всушност Кетрин била таа која го бакнала.

"Одвратни се, на овој начин не можам да го бакнам ни сопствениот татко", бил еден од многубројните лоши коментари.

No comments

Powered by Blogger.