Русија конечно ја објави цената на моќниот С-400: Еве колку ќе треба да платат Турците за нивното небо да биде безбедно

Пишува: Точка

Русија и Турција се уште немаат постигнато конечен договор за купопродажба на против-ракетиот систем „С-400 Триумф“, но според најавите, тоа е само прашање на време.

За испорака на против-ракетниот систем „С-400 Триумф“, вредноста на договорот со Турција надминува вртоглави 2 милијарди долари, соопшти пред руските медиуми директорот на руската државна корпорација „Ростех“, Сергеј Чемезов.

„Вредноста на договорот со Турција за купопродажба на ракетниот-систем С-400 изнесува 2 милијарди долари“, изјави Чемезов, притоа не наведувајќи други детали од договорот со Турција.

Уште во септември беше објавено дека Анкара има потпишано договор со Москва за купување на системот „С-400“, како и тоа дека Турците веќе уплатиле депозит. Заменик началникот на Секретаријатот за одбранбена индустрија на Турција, Исмаил Демир изјави дека испораките ќе започнат во следните две години.



Сепак, претседателот на Комисијата на Русија за воено-техничка соработка, Владмир Кожин, неодамна потврди дека двете страни и натаму преговараат за роковите за испорака на оружјето.

„С-400 Триумф“ е најновиот против-воздушен ракетен систем со долг домет кој што неодамна влезе во служба на руската армија. Дизајниран е да соборува авиони, но и крстосувачки и балистички ракети. Неговиот оперативен домет изнесува 400 километри до висина од 30 километри.



Исто така, треба да се спомене дека двете држави неодамна имаа несогласувања околу потпишувањето на договорот за купопродажба, затоа што Турците инсистираат покрај самото оружје, да ја добијат и технологијата за производство, нешто за што Русите не се согласуваат.

Неодамна шефот на турската дипломатија Мевлут Чавушоглу отворено порача дека за Турција е клучна технологијата за производство на ракетниот систем, а доколку Русите не се согласат да соработуваат со турските инжинери на тоа поле, Турција ќе се насочи кон купување на сличен ПВО систем од некоја друга држава.

No comments

Powered by Blogger.