Меси станува ,,нов Нејмар”: Манчестер Сити со понуда од 400 милиони евра за Меси

Пишува: Точка

Светските медиуми уште сабајлево излегоа со сериозни наслови за евентуален трансфер на фудбалерот на Барселона, Лео Меси во редовите на Манчестер Сити.

Овој пат се оди со шпекулации и до таму дека трансферот на Меси ќе биде скоро дупло од Нејмар, во износ од неверојатни 400 милиони евра. Целата работа по се изгледа има вистина, ако се знае дека Меси не потпиша договор со ,,каталонците”, иако се најавуваше дека од страна на раководството целата работа е веќе завршена, само се чека потписот на Аргентинецот. Меѓутоа, од друга страна, се знае дека Меси во повеќенаврати има изјавувано дека во Барселона е многу среќен и се чуствува како дома и не би сакал да го смени клубот.

Со траснферот на Нејмар од Барселона во ПСЖ се срушија сите рекорди во фудбалот. Меѓутоа, ако ова се случи и излезе дека е вистина, тоа ќе биде нешто недостижно во фудбалската историја.

No comments

Powered by Blogger.