Бред Пит се заљубил во 32 години помлада девојка за која велат дека е копија на Анџелина Џоли

Пишува: Точка

Откако се објави веста дека најславниот пар се разведува, Бред Пит постепено се повлече од јавноста, но очигледно славниот холивудски заводник постепено се опоравува и се препуштил во нова романса со помлада колешка.

Според пишувањата на светските медиуми, американскиот глумец Бред Пит "паднал" на 21 годишната глумица Ела Пурнел.

Интересно е тоа што Ела потсеќа на неговата поранешна сопруга и што таа ја глумела младата верзија на Анџелина во филмот "Maleficent".



Инаку, Бред е воодушевен со тоа што Пурнел доби улога во неговата нова серија "Bittersweet", на која и глумицата се радува. Воедно, признала дека Пит ѝ се допаѓал од многу одамна.

"Бред подолго време ја имал во план Пурнел за овој проект. Таа била поласкана од вниманието кое го добива од Пит, па дури ѝ признала на својата пријателка како Бред секогаш ѝ бил прв на листата помеѓу славните симпатии", вели неименуван извор за Ин тач.



Истиот извор кажува дека Анџелина слушнала за гласините и воопшто не се израдувала. "Анџелина е бесна поради интересирањето на Бред за Пурнел да биде дел од серијата. Не го поднесува добро фактот дека Бред сака да биде со некоја која глумела млада верзија од неа".

Анџелина не ја прифаќала големата разлика во годините, бидејќи Пурнел е само 5 години постара од нивниот син Медокс.

"Бред знае дека разликата во години е голема и дека оваа врска сите би ја гледале како средновековна криза, но физичкиот изглед не бил клучниот фактор зошто му се допаднала. Таа го придобила и со храброто и симпатично однесување и глумечките вештини", открива извор близок до парот.

No comments

Powered by Blogger.