Ова е 31-годишната млада вдовица на која Хју Хефнер не ѝ оставил ниту еден цент

Пишува: Точка

Веста за смртта на Хју Хефнер изутринава го обиколи цел свет. Основачот на Плејбој почина во својата 91. година од животот од природна смрт, опкружен со своите најблиски.

Една од тие личности е и неговата 60 години помлада сопруга Кристал Харис, која се венчала со Хефнер во 2012 година.

Иако биле во брак пет години, Кристал нема да наследи ниту еден цент од огромното богатство на Хефнер, пишуваат американските медиуми. Причина за тоа е нивниот предбрачен договор во кој стои дека во случај на развод или смрт, Кристал нема да наследи ништо од имотот, вреден повеќе од 200 милиони долари. Парите, движнините и недвижнините ќе ги наследат децата на Хефнер и некои хуманитарни здруженија.



Кристал, наводно никогаш не била споменета во тестаментот на Хефнер, а во предбрачниот договор стои дека “ќе се припази на неа” по неговата смрт, па веројатно ќе добива одреден износ на пари кој ѝ е потребен за животот на кој таа е навикната.

Хефнер и Кристал Харис се венчале во 2012 година, а со тоа поттикнале многу коментари ширум светот. Кристал во една прилика изјавила дека тие двајца никогаш немале секс, односно дека еднаш проблале, но Хју издржал само две секунди.

No comments

Powered by Blogger.