30 секунди чисти емоции: Девојче добива подарок - мече во војничка облека со гласот на тато (видео)

Роденденот е еден од најважните денови во животот на секое дете, а секој родител се труди да му го направи овој ден на детето незаборавен.


Пишува: Црнобело

Иако бил повеќе од 1.900 километри оддалечен од семејството, Дејвид Виљегас ѝ приредил прекрасно роденденско изненадување на својата ќеркичка.

Додека бил на обука за во војска, Дејвид ѝ испратил на ќеркичката Елиана мече облечено во војничка облека за да ја потсетува на него. Кога девојчето го отворило подарокот, веднаш забележало дека мечето изгледа како тато.

Мечето имало и аудио-порака за Елиана која ја снимил нејзиниот татко како честитка за роденден: „Злато мое, тато многу те сака и многу му недостигаш. Едвај чекам да те видам и да те гушнам. Те сакам најмногу“.

Тетката на Елиана го споделила овој момент на Твитер, а за кратко време бил ретвитнат преку 15.000 пати и станал вирален хит. Илјадници луѓе му оставиле коментари на Дејвид дека направил прекрасно изненадување за својата ќеркичка.

meche-kako-tato-5-godishno-devojche-dobi-najubav-podarok-za-rodenden-02.jpg
Поради воената обука, Елиана и мајка ѝ Ванеса се немаат видено со Дејвид долго време, па малечката Елиана била пресреќна поради ова мало изненадување. Таа вели дека нема да се оддели од нејзиното мече што личи на тато и дека едвај чека повторно да бидат заедно.

 
meche-kako-tato-5-godishno-devojche-dobi-najubav-podarok-za-rodenden-03.jpg

No comments

Powered by Blogger.