Вознемирувачка содржина: Убиен терористот Абу Бакр Омар кој живеел со 30 жени

Пишува: Точка

"Тоа е одговор за Ел Багдади. Кога терористите ги заробуваат нашите војници, им ги сечат главите. Како одговор на тоа ние ги праќаме на овој свет", велат сириските војници, пренесува Sputnik.

Телевизијата Ѕвезда објавила ексклузивна снимка на која се гледа како припадниците на сириските сили го ликвидираат командантот на ДАЕШ, Абу Бакр Омар. Борбите во кои терористот бил ликвидиран биле водени покрај градот Мајадин, во провинцијата Деир ез Зор.

Како што соопштил известувачот на ТВ Ѕвезда од самото место, Абу Бакр Омар неколку години минал во затвор во Ирак, а после тоа и во Сирија, поради терористичка пропаганда.

Тој пристапил кон ИСИС во 2014. година, и бил командант на една од единиците. Интересно е дека кај Абу Бакр Омар, според податоците на известувачот, имало 30 жени, што покажува колку бил влијателен меѓу милитантите.

На снимката сирискиките војници го покажуваат телото на терористот.

"Тоа е одговор за Ел Багдади. Кога терористите ги заробуваат нашите војници, им ги сечат главите. Како одговор на тоа ние ги праќаме на овој свет", велат сириските војници, пренесува Sputnik.

No comments

Powered by Blogger.