Модниот спектакл на годината се претвара во ноќна мора: На само 2 денови до најгламурозната ревија, организаторите се справуваат со големи проблеми

Пишува: Точка

Уште многу малку нè дели од најголемиот и најгламурозниот моден спектакл на годината, ревијата на Викторија Сикрет. Сепак, многу работи се под знак прашалник, организаторите се во паника, а секој ден пристигнуваат лоши вести.

Во понеделник на 20 ноември славните ангели, најубавите и најплатените манакенки на планетата ќе прошетаат на модната писта која ќе биде поставена во Шангај. Односно, овој настан ќе се случи на 20 ноември, но ќе биде прикажан на 28 ноември. Целата подготвка за ова шоу чини многу пари, а организаторите се справуваат со многу компликации кои се случиле неодамна.
Моделите се веќе во Шангај, местото е одбрано и сите нетрпеливо го исчекуваат овој настан. Меѓутоа, многубројни модни блогери и други влијателни луѓе од модниот свет нема да имаат можност да присуствуваат, бидејќи Кина не им дава визи.
Исто така, манакенката Џиџи Хадид оваа година нема да се појави на ревијата, бидејќи неодамна на Инстаграм, свесно или несвесно го "исмејувала" Буда. Со визата имала проблеми и Адријана Лима, а исто така и музичката ѕвезда Кејти Пери нема да се појави поради аутфитот кој го носела на нејзиниот последен концерт за кој велат дека бил со симбол на антивладините активисти.
Организаторите имаат проблеми и со снимање низ самиот град, како и во салата. Секоја промена и грешка би ги чинело многу, па поради тие проблеми сè уште е под знак прашлник дали се ќе помине во најдобар ред и без огромни скандали.

No comments

Powered by Blogger.