Серена облекла два броја помала венчаница и не знаеме како дишела во неа: Чини 2,6 милиони, а пука по рабовите


Пишува: Точка
Откако Серена Вилијамс застанала на лудиот камен, во јавноста конечно се појавиле фотографии од младенците, па и обичниот свет може да ја "ѕирне" оваа гламурозна свадба на деценијата, како што ја нарекуваат.

Изгледа, венчавката на Серена Вилијамс и Алексис Оханијан била иста како од бајките - невеста во три венчаници, бебе во специјална тоалета, сè е обложено со дијаманти, насекаде цвеќиња, златен престол и сè друго што можете да си замислите.

И веќе се појавиле коментари дека иако сменила три тоалети, изгледа дека во сите, посебно таа од 2,6 милиони долари, која ја дизајнирала Сара Бартон за Александар МекКвин, на невестата и било премногу тесно.

Изгледало како бујните гради на тенисерката во секој момент чекаат да испаднат, со оглед на тоа дека тоалетата и била барем два броја помала. Многумина велат дека ни другите две тоалети, не биле многу подобар избор, бидејќи кај невестата "сè течело на сите страни".

Меѓутоа, младенците не размислуваат за ова, горди се на својата венчавка, која се одржала во Њу Орлеанс, и била инспирирана од бајката "убавицата и ѕверот". На сите страни имало познати лица, од Бијонсе и Џеј Зи, преку Кели Роланд и Ана Винтур, до Ким Кардашиан.

Гостите можеле да уживаат и изберат од вкусовите на Италија и Ерменија, а имало и традиционална и морска храна.

На масите имало сè, од јајца од потполошка, до најквалитетни сирења. Младенците се грижеле за секој детаљ, па за гостите подготвиле и маса - "стоп за мамурлакот", со производи кои ќе им помогнат полесно да го преживеат наредниот ден ако испиле некоја чаша повеќе.

А дека од сè, најмногу имало љубов, покажува и објавата на младоженецот на Инстаграм.

"Најдобра си на светот, не само во спортот, туку и како сопруга и мајка. Пресреќен сум што уште долго ќе ја живееме нашата бајка. Не бев свесен, ама целиот живот го чекав овој момент. Сè што сум постигнал во животот бледее во однос на ова денес".


No comments

Powered by Blogger.