Спречен е напад во Москва, уапсени се 263 екстремисти

Пишува: Точка

Московската полиција уапсила 263 учесници на денешниот митинг во центарот на руската престолнина, кој не бил дозволен да се одржува.

Полицијата запленила пиштоли, ножеви, маски, челични шипки и друго оружје од приведените лица. Се наведува дека лидерот на екстремистичкото движење "Артпадгатовка", Вјачеслав Маљцев ги повикал неговите поддржувачи да присуствуваат на митингот во центарот на Москва за да ја изразат нивната разочараност и недоверба од Владата.



ТАСС наведува дека судот во Краснојарск на 26 Октомври ја прогласи оваа организација за екстремистичко движење. Руската федерална служба за безбедност во петокот уапсила четири лица за кои се сомневале дека подготвуваат напад на административната зграда и полицијата во Москва за време на претстојниот празник.



Од ФСБ велат дека уапсените лица се членови на групата "Артпадгатовка" и за кои се сомнева дека подготвувале напад за Денот на националното единство кој се празнува во Русија.



Таа група била основана од активистот на опозицијата во Русија, Вјачеслав Маљцев кој минатата година се кандидирал на изборите. Оваа акција требало да се реализира во уште пет градови, но полицијата на време ја спречила. Маљцев ова лето ја напуштил Русија, а против него е покрената тужба за екстремизам.

No comments

Powered by Blogger.