Таа беше негов шеф, а подоцна негова сопруга и 25 години се во брак!

Пишува: Точка

Денес слават 25 години брак, а нивното брачно патување станало поитересно кога тој доби два мандата за претседател на САД. Барак Обама и Мишел Обама се запознале во адвокатската фирма "Sidley Austin" во Чикаго каде таа му била шеф.

Мишел доаѓа од Чикаго, го завршила факултетот Принстон, а на Харвард дипломирала право.

После нејзините студии се вработила како партнер во фирмата "Sidley Austin" каде била задолжена за интелектуална сопственост и маркетинг. Таа работа ѝ го донела запознавањето со Барак кој за разлика од неа имал помалку блескава кариера.



После нејзината работа за Сидли, таа работела и во најпрестижните адвокатски канцеларии, а потоа се вработила како помошник на деканот на Универзитетот во Чикаго.

Барак студирал на факултетот Оксидентал во Лос Анџелес, а дипломирал на њујоршкиот Универзитет Колумбија. Исто така посетувал и часови по политички науки на Универзитетот во Чикаго.

Нивното прво среќавање било во 1992 година, а шест години подоцна стапиле во брак. Тие заедно имаат две ќерки Малиа и Саша.

Мишел и Барак заедно со ќерките ја напуштија Белата куќа оваа година во јануари, а нвини наследници се Доналд Трамп со својата сопруга Меланија.

No comments

Powered by Blogger.