Хрватските приморски градови ќе исчезнат: Погледнете како ќе изгледа јадранскиот брег во 2100. година

Пишува: Точка

Со трендовите на лобирање на нафтени, гасни и други компании кои заработуваат на јаглен, при што се вложуваат милијарди евра и долари во промоција на користење на фосилни горива, светот е се подалеку од тоа во овој век да се спаси од глобално затоплување поголемо од 2 степени, што е договорено од светските нации со Парискиот климатски договор.

Уште помалку е веројатно дека ќе сопре на 1,5 степени, што е предложено како посебно амбициозна цел.

Како што сега стојат работите и според најоптимистичките предвидувања, светот до 2100. година со вакво темпо ќе биде потопол за 3 степени Целзиусови.



Само пет години откако во официјалните предвидувања растот на морето од 1,5 метри се сметало за екстремна прогноза, наеднаш излегува дека и умерените предвидувања се неколку пати полоши од тоа.
Еве што ќе се случи со јадранскиот брег и хрватските градови на море во случај на раст на морето од 9 метри, што е во склад со извештајот на PNAS - Proceedings of the National Academy of Sciences of the U.S.A.

Со раст на нивото на морето од само еден или два метри, сите брегови на Јадранот ќе бидат поплавени.

Во случај на пораст на нивото на морето од 9 метри, Трогир, како и половина од Солин, Каштел, Полјуд во Сплит, Диоклецијановата палата, Лоре, пристаништата, ќе бидат атракција за нуркачите.

Долината на Неретва е најранливо подрачје во Хрватска на климатските промени. Во случај на пораст од четири метри, исчезнуваат Опузен, Метковиќ и Плоч, а Чапљина добива своја ривиера. Морето нема да застане тука, па ќе ја поплави и Чапљина. Морето ќе дојде на половина пат до Мостар. Земјоделството ќе умре, а ќе настрадаат и најнаселените делови на сите хрватски острови.

Стариот град на Дубровник во најголем дел ќе биде под вода. Ќе настрадаат Цавтат и Купара. Задар со порастот на нивото на морето од 9 метри ќе исчезне. Тоа што нема да биде потопено, ќе биде уништено од големи олуји.

Трсатската градина во Ријека ќе се издигне над самата морска површина, а се пониско од тоа ќе биде под вода.

Под море ќе бидат сите знаменитости од овој град, кои ќе се паметат само од разгледниците.

Слично нешто ќе се случи и со Пула, а ќе страда и Истра. Раша повеќе нема да биде река, туку длабок морски залив. Ќе исчезнат Пореч, Врсар, Новиград и Ровињ, а Мотовун ќе биде град на море.

No comments

Powered by Blogger.