Умира најозлогласениот масовен убиец на 20. век

Пишува: Точка

Тој е еден од најозлогласените криминалци во САД, и во затвор е подолго од четири децении.

Озлогласениот убиец, 83-годишниот Чарлс Менсон, е на смртна постела и неговата здравствена состојба секојдневно се влошува, пренесува Guardian.

Менсон, кој водел култ во Калифорнија и ја убил бремената холивудска ѕвезда Шерон Тејт, моментално се наоѓа во болница.



Анонимен извор тврди дека овој криминалец со кукаст крст на челото, бил примен во болница пред три дена, и дека имал низа терапии. Покрај него цело време се пет полицајци.

"Ова нема да се заврши добро за него", рекол изворот.



Менсон бил во болница и во јануари поради крварење во цревата. Требало да оди на операција, но докторите заклучиле дека е премногу слаб за таков зафат, па го вратиле во затвор.

Осуден е на смрт во 1971. година, заедно со уште четворица свои приврзаници, поради крвавото убиство во август 1969. година.



Тогаш настрадале седум лица, вклучувајќи ја и Шерон Тејт, сопруга на режисерот Роман Полански. Таа во тоа време била бремена. Нивните казни подоцна биле заменети со доживотен затвор.

Во 2014. година добил дозвола да се ожени со 26-годишната Афта Илејн Бартон. Меѓутоа, лиценцата за венчавката им истекла, а церемонија немало.

Неговото "Семејство" било сместено на ранч во Калифорнија во 60-тите години. Тој убил неколку лица во обид да предизвика војна меѓу црнците и белците.


No comments

Powered by Blogger.