Што сѐ може да постигнете за 20 минути на ден?

Луѓето кои се задоволни со себе и знаат да уживаат во животот, многу често слушаат едно исто прашање – „Како успеваш да направиш сѐ?“.


Пишува: Црнобело

Учење, работа, правилна исхрана, вежбање, чистење, време за себе и за најблиските – ова се коцките кои треба правилно да се наредат за животот да ви биде совршен и без проблеми.

Секако, не е лесно да се постигне сѐ, но понекогаш само треба да сме добро организирани и да не дозволуваме да го губиме времето на непотребни работи, ако сакаме да го постигнеме она кон што целиме.

Следете ги овие неколку совети и ќе сфатите дека за сите работи ви е потребно многу малку труд и време:

20 минути на ден за совршена фигура

Доволно е да вежбате барем 20 минути на ден и веднаш ќе се чувствувате подобро, ќе дишете полесно и ќе го одржувате телото во форма. Доколку постои можност правете го тоа наутро, но не е грешка и после работните обврски.


20 минути на ден да научите да се храните здраво

Најдете 20 минути во денот да ја испланирате исхраната за наредните неколку дена. Потоа, подгответе неколку оброци однапред, па така нема да мора да јадете грицки и нездрава храна со изговор дека немате подготвено јадење.

20 минути на ден за да ги зајакнете семејните односи

Сите работни обврски, бизнис состаноци, патувања, домаќински обврски и други оправдувања не се поважни од вашето семејство. Одвојте 20 минути во денот и испијте кафе или чај со семејството, зборувајте со нив и насмејте се.

Повторувајте го ова секој ден без исклучок, а доколку живеете далеку, понекогаш е доволен и телефонски разговор.



20 минути на ден за секогаш да имате време

Одвојте 20 минути во текот на секој ден и испланирајте го наредниот. Така, нема да ги заборавите задачите и обврските и сѐ ќе ви биде завршено навреме, без оддоллжување и ќе ви остане време за слободни активности и за сите останати работи кои сакате да ги правите.

20 минути на ден за да станете професионалец во некое поле

Важно е да сте посветени на она што го сакате и што ви е хоби, без разлика што е. Ако сакате да учите англиски, 20 минути во денот учете нови зборови, ако сакате да станете писател, пишувајте приказни.

Секако ова не важи за сериозни вештини за кои е потребно многу повеќе од 20 минути, но важно е да почнете од некаде.
20 минути на ден за секогаш да изгледате совршено

Одвојувајте секојдневно по 20 минути за да се грижите за себе и вашиот изглед. Ставете ги нозете во топла вода и направете си педикир, или измијте го лице и ставете маска на него, одете на масажа, средете ги ноктите...



20 минути на ден за да прочитате повеќе од 10 книги годишно

Со само 20 минути на ден читање книги, на пример пред спиење, можете да прочитате околу 10 книги во текот на цела година (секако зависи од книгата). Така ќе престанете да наоѓате оправдувања дека нема време за читање.



20 минути на ден за да научите нови вештини

Почнете со 20 минути на ден свирење на некој инструмент и по неколку месеци ќе постигнете изненадувачки успех доколку сте упорни.



20 минути на ден за домот секогаш да ви е чист

Доколку секојдневно одвојувате по 20 минути за да го средите малиот неред во домот, нема да мора да си ги трошите викендите за целодневни генералки како резултат на несредувањето во текот на неделата.
20 минути на ден за секогаш да сте во добро расположение

Ќе се изненадите колку многу интересни идеи и неочекувани мисли може да ви дојдат доколку барем на 20 минути заборавите на сите проблеми во животот и работата и се послушате само себеси.

Размислувајте за себе, за убавите работи, за тоа каде се замислувате во иднина и што сакате.

No comments

Powered by Blogger.