Јапонска компанија планира да изгради вселенски лифт до 2050-та

Јапонската компанија Obayashi објави дека до 2050-та година ќе конструираат лифт кој ќе носи до вселената.

Пишува: Црнобело

Лифтот ќе достигне должина од 96.000 километри и ќе транспортира луѓе и товар до новата вселенска станица. Исто така ќе служи и за транспортирање астронаути до Марс и пошироко.

„Процесот на изградба се состои од имплементирање на кабелот и изградба на објекти. Неопходно е да се анализира динамиката на кабелот, со цел да се проценат неговите карактеристики, противтежата, објектите и качувачите. Со помош на компјутерска симулација на движењето, го дизајниравме системот и го утврдивме процесот на градење.“ – Obayashi.

Погледнете го видеото и дознајте повеќе за нивниот концепт:

No comments

Powered by Blogger.