Љубовен хороскоп за октомври 2017: Скорпиите да избегнуваат тајни врски, Вагите ќе се заљубат во недостижна личност

Октомври е месецот кога треба да се привикнеме на студенилото кое нè очекува, но дали тоа ќе важи и за вашиот љубовен живот овој месец?

Пишува: Точка

Хороскопот ви открива дали среќата ви е наклонета и што ви планираат ѕвездите за овој октомври:

Овен

Ако сте во врска, време е повеќе време да им посветите на заедничките планови и цели. Вашата потреба да бидете во право може да ви ги наруши односите со партнерот. Најдете заеднички јазик пред да биде доцна.
После 14-ти октомври ќе ви се отворат можности да ја одведете врската чекор понапред, па дури и да ја официјализирате. Бидете позаинтересирани за забави и излегувања во пар.
Ако сте слободни, овој месец ќе се вљубите, но ќе бидете малку мрзеливи за да се потрудите околу личноста. Ако чекате се на готово, може да гледате како друго лице ви ги краде емоциите на симпатијата.
Покажете добри манири и култура ако сакате да остварите добра комуникација. Втората половина на октомври е идеална за нови емотивни врски.
Ќе бидете нагласено страсни, затоа не ја базирајте конекцијата на физичкото. Во спротивно, ќе доживеете минлива авантура. За повеќе од тоа, покажете хумор и досетливост.

Бик

Ако сте во врска, ве очекуваат динамични случки кои ќе ви донесат напредок. Очекувајте иницијатива за заедничка забава и нови начини како да поминете повеќе време заедно.
Вашите страсти ќе се појачаат, што може да доведе и до мала посесивност. Внимавајте работите да не излезат од контрола.
По 10-ти октомври ќе давате и ќе добивате невидена поддршка. Комуникацијата ќе ви се подобри ако делите заеднички интереси. Затоа ова е одличен период за нови почетоци и планови како да се зближите.
Ако сте слободни, во октомври ве очекува забава и слободни емотивни врски. Ќе бидете силно привлечени од личност која ќе ја дефинирате како сродна душа. Привлечноста ќе биде обострана, па очекувајте многу интимни моменти.
Би било добро да поставите поздрави темели ако сакате врската да биде на долга стаза. Покажете карактер, не само голотија.

Близнаци

Ако сте во врска, потребно е да се соочите со нешто што ви го отежнува односот со партнерот. После 8-ми октомври проблемите може да се зголемат, па очекувајте големо незадоволство.
Тагата и грижите најдобро е да ги решите што побрзо, бидејќи веќе по 11-ти октомври постојат големи шанси за раздвојување со партнерот. Разумноста ви е најдобар пријател.
Втората половина од месецот е пријатна и мирна, па ако ги надминете овие две критични датуми, очекувајте хармонија.
Ако сте слободни, околу 10-ти октомври очекувајте средба со личност која на прв поглед ќе ве привлече и ќе имате обострани симпатии. Склони сте на идеализирање, па може да ја толкувате како сродна душа, иако реално е само авантура.
Големи се шансите за нова емотивна врска во првата половина од месецот. Она што ви е единствена препрека е пасивноста.
После 14-ти октомври, очекувајте зголемениот шарм да си го направи своето.

Рак

Ако сте во врска, од 8-ми до 11-ти октомври ќе се соочите со проблеми и потешкотии во односот со саканата личност заради нерешени работи од минатото. Односот може да ви стане навистина тежок, па за да ја ублажите ситуацијата ќе ви треба многу волја и трпение.
Посветете се на решавање на проблемите, а не на жалење наоколу.
Неопходни ви се искрени разговори со партнерот и предлози од негова/нејзина страна како да ги решите препреките. Мора да кажете гласно што ви пречи, но и да ги сослушате неговите/нејзините потреби.
Ако сте слободни, по 10-ти октомври ви се зголемени шансите да запознаете личност која ќе ви одговара духовно. Потрудете се да се движите по нови места и со нови друштва.
Барате личност со авантуристички дух, интелигенција и комуникативност. Кога ќе запознаете некој со овие критериуми, искористете го целиот шарм кој го имате за да привлечете внимание, ќе ви се исплати.

Лав

Ако сте во врска, ѕвездите овој месец ви предвидуваат потешкотии со емотивниот партнер. Ќе се чувствувате напнато и под притисок, што ќе доведе до кавги.
Тензиите ќе се намалат ако сериозно ја сфатите ситуацијата и се потрудите да побарате професионална помош.
Во втората половина на октомври, работите ќе почнат да се движат по саканиот тек. Повеќе иницирајте заеднички активности, обидете се да организирате изненадувања и почесто да ја искажувате љубовта со зборови и дела.
Ако сте слободни, личноста која ќе ви се допадне ќе се покаже како тврд орев. Колку и да се трудите да ѝ го привлечете вниманието, нема да забележите голем успех. Фрустрациите може да ве доведат до инцидент, затоа контролирајте ги емоциите.
Во втората половина од месецот сосема друга личност ќе покаже симпатии кон вас. Набрзо ќе забележите дека таа личност сака сериозна врска со вас.
Ако сте подготвени, искористете ја шансата.

Девица

Ако сте во врска, ќе поминувате низ бура од емоции на поле љубов. Нема да бидете задоволни од односот со партнерот бидејќи ќе имате впечаток дека премногу работи правите посебно. За тоа ќе се побуните и нема да добиете реакција каква што очекувате. Затоа потребно е сериозно да разговарате.
После 18-ти октомври очекувајте позитивни промени, бидејќи среќата ви е наклонета на поле комуникација.
Во последните 2 недели од месецот распоредот за заеднички активности ќе ви биде полн, и нема да смее да се пожалите.
Ако сте слободни, ќе чувствувате појачани страсти, посебно на почетокот на месецот. Тоа ќе ви донесе возбудлива авантура со личност која ќе ви одговара за секс, па нема да може да ѝ одолеете.
Се ќе се одвива брзо и нема ни да сфатите дека преку ноќ личноста ви станала важна и не сакате само авантура.
Кога ќе се соочите со првите несогласувања, ќе може да одлучите дали сакате да ги решите и да продолжите со нешто посериозно или целосно ќе го прекинете контактот.

Вага

Ако сте во врска, на почетокот на месецот комуникацијата ќе биде одлична, што ќе ја зајакне поврзаноста со партнерот. Ви одговараат интимни моменти во пар, па затоа добро би било месецов да не вклучувате трети лица во вашето секојдневие.
Бидете внимателни само околу 11-ти октомври, кога може да се појават несогласувања заради тоа што ќе бидете ставени пред искушение. Партнерот може да ви открие тајна која извесно време ја криете.
Потрудете се добро и закопајте го минатото каде што му е местото. По 22-ри ќе имате одлични шанси за враќање на довербата.
Ако сте слободни, ќе почувствувате силна привлечност кон личност која ќе се однесува недостижно. Ќе ви треба помош од пријателите, голема упорност и нова тактика за освојување.
Бидете доволно мудри за да го искористите слободниот статус за забава и нови можности, а не да се насочувате само кон едно лице кое веројатно ги нема истите емоции.
Не правете ништо по секоја цена овој месец на поле љубов.

Скорпија

Ако сте во врска, потребно ви е повеќе забавно време поминато со партнерот. Месецов ќе ви одговара заедничко гледање со пријателите и групни активности. Внесете повеќе динамика и страст во односот за да не западнете во рутина.
Во втората половина ќе имате повеќе желба за интимност. Не се повлекувајте во себе ако не ја добиете, туку гласно искажете ги желбите.
Избегнувајте тајни и паралелни врски, бидејќи кон крајот на месецот може да ви донесат несакани драми и сцени.
Ако сте слободни, ќе откриете дека една личност која секојдневно ја гледате има симпатии кон вас. И токму таинственоста ќе ве привлече.
До крајот на месецот ќе успеете да влезете во површна емотивна врска, меѓутоа не се надевајте премногу. Личноста ќе ја задржи таинственоста во големи граници и по извесно време таа може да стане проблем.

Стрелец

Ако сте во врска, потребни ви се промени кои ќе внесат свежина во вашиот емотивен однос. Во спротивно, ќе почувствувате недостаток на страст и почеток на монотонија.
Осмислете заеднички активности кои ќе ви ја вратат динамиката. Само така нема да почувствувате напнатост и тензии.
Во втората половина од октомври стабилноста ќе се врати и двајцата ќе бидете задоволни. До 24-ти октомври очекувајте зголемена иницијатива на која мора да вратите позитивно.
Ако сте слободни, ве очекува променлива ситуација. Личноста кон која имате симпатии нема да ви ги возврати истите, бидејќи се гледа со друга личност.
Тоа ќе ве направи напнати и склони на потези на кои нема да се гордеете за неколку месеци. Совладајте ги избрзаните реакции.
За среќа, кон крајот на месецот ќе имате сосема нова, неочекувана шанса за љубовна врска. Потрудете се да бидете љубезни каков и да ви е одговорот.

Јарец

Ако сте во врска, почетокот на октомври ќе го означи зголемената страст и иницијатива за новитети. Полни сте со ентузијазам и ќе сакате да работите на заедничките цели.
Ова е одличен месец за зајакнување на емотивните врски и нивно официјализирање.
По 10-ти октомври љубовната врска ќе стане поквалитетна и цврста, благодарение на поддршката која ќе ја нудите. Испланирајте заеднички буџет доколку сакате посериозно да ја планирате иднината.
Ако сте слободни, на почетокот на месецот ќе сретнете лице кое ќе ви биде магнетски привлечно. Ова може да биде вовед во брза врска која има потенцијал да успее, но само ако не бидете посесивни.
Ќе почнете да се гледате секојдневно, а набрзо и ќе завршите во кревет, што ќе ви открие нови интимни задоволства.
Делувате интересно и примамливо за спротивниот пол, затоа внимателно со паралелни врски.

Водолија

Ако сте во врска, на саканата личност пружете ѝ повеќе внимание, помош и поддршка. Тоа ќе ве мотивира да разговарате за проблемите кои се таложат со месеци и ќе ви отвори можности за нови заеднички планови.
Ви одговараат кратките патувања овој месец, далеку од гужвите и обврските. Емотивната врска ќе биде постабилна доколку се потпрете на компромисите.
Кон крајот на месецот заедничките цели ќе бидат крунисани со успех, и тоа ќе ви покаже дека заедно можете да постигнете многу.
Ако сте слободни, во првата декада ќе имате супер шанси за емотивно поврзување со личност која подолго време ве привлекува. 8-ми октомври е поволен ден за нови, сериозни почетоци.
Ако се приспособите на секојдневието, ќе можете да откриете нови задоволства. Не се држете до строгите правила и планови овој месец.
Потребно е да шармирате со интелигенција и култура, имајте го тоа на ум при освојувањето.

Риби

Ако сте во врска, почетокот на октомври ќе ви донесе екстремно зближување. Ќе бидете расположени постојано, бидејќи ќе поминувате квалитетно време во пар. Ќе сфатите колку многу работи сте пропуштале само заради неоснованите сомнежи.
Во втората половина на месецот планирајте активности кои вклучуваат повеќе страст.
Разговарајте за забавни теми, а не за работа. Впуштајте се во нови познанства и пријателства како пар и ќе откриете нови убавини на заедничкиот живот.
Ако сте слободни, во октомври очекувајте да се заљубите на прв поглед. На почетокот ќе глумите воздржани, но нема да може да го скриете еротскиот набој. За среќа, тој е обостран.
Сепак, пред да започнете нешто, мора сами да утврдите што сакате. Дали ќе се трудите за во иднина да останете заедно или сосема ви е доволно да се гледате по потреба.

No comments

Powered by Blogger.