Салвадор Собрал, победникот на Евровизија 2017, чека трансплантација на срце

Изминатиов месец беше тежок за победникот на Евровизија 2017, Салвадор Собрал.

salvador-sobral-pobednikot-na-evrovizija-2017-ceka-transplantacija-na-srce-001.jpg
Пред извесно време преку YouTube видео ја извести јавноста дека ќе ја паузира музичката кариера и ќе се фокусира на здравјето. Оттогаш, е на интензивна нега, бидејќи неговата состојба е влошена.
За оние кои не се сеќаваат, веднаш по победата беше објавено дека Салвадор има тешка срцева маана и токму затоа неговата сестра го заменуваше на генералните проби.

Токму деновиве 27-годишниот борец се бори за живот. Локалните медиуми известуваат дека итно се трага по донатор за трансплантација, бидејќи работата е неизвесна.

Сите се надеваме на добри вести...

No comments

Powered by Blogger.