Јапонскиот цар ќе направи нешто што не направил никој во последниве 200 години: Медиумите ги откриле неговите планови

Пишува: Точка

Јапонскиот цар Акихито ќе адбицира на 31. март 2019. година, објавил денес весникот "Асахи Шимбун", повикувајќи се на извори во владата. Тоа ќе биде прва абдикација на еден јапонски цар во последните 200 години.

Премиерот Шинзо Абе ќе се состане со службениците и членовите на царското семејство во ноември, пред одлуката да биде официјално соопштена.



France Presse од портпаролот на царското семејство сепак не добил потврда за тие наводи, со коментар дека "ништо не е одлучено".



83-годишниот цар Акихито, во август минатата година изразил желба да абдицира поради старост.



Парламентот во јуни усвоил закон кој би овозможил абдикација.



Нарухито, најстариот син на Акихито, е првиот во наследниот ред за Тронот на хризантемата.

No comments

Powered by Blogger.