1 година по раскинувањето на претходната свршувачка - Лејди Гага доби веренички прстен од новото момче

Лејди Гага во јули 2016 ја раскина свршувачката со Тејлор Кини, а летово само една година подоцна доби веренички прстен од новото момче Кристијан Карино.

Пишува: Црнобело

Греми добитничката Лејди Гага (31) и агентот за таленти Кристијан Карино (48) тајно се свршиле летово, откако Карино го прашал таткото на пејачката за дозвола.

Но, поради нејзината моментална здравствена состојба, тие се фокусирани на закрепнувањето и сè уште немаат планови за венчавка.



Пејачката страда од фибромијалгија - хронично нарушување, кое предизвикува огромна мускулна болка, заедно со проблеми со меморијата, расположението, сериозен замор, нарушување на сонот и намалена зглобна подвижност.



Изминатиот месец, таа објави дека ја одложува светската турнеја, неколку дена откако беше хоспитализирана. Тогаш преку Инстаграм ги извести фановите:

„Бев одведена во болница, не е само едноставно болка во колковите, јас сум во сериозно болки, но, за среќа, сум во рацете на одлични доктори.“



Инаку американските медиуми во февруари открија дека Гага и Карино се состануваат, откако беа уловени како се бакнуваат на полувремето на Super Bowl во Хјустон, Тексас. Уште оттогаш пријатели на парот изјавуваа дека тие двајца се навистина среќни заедно и сериозни во намерите.

Наводно пејачката досега ја криела информацијата околу свршувачката поради истоштувачката борба со фибромијалгијата.



Ова е втора свршувачка за Гага. Таа беше свршена со Тејлор Кини сè до разделбата во јули 2016, по пет години минати заедно.

Во тој период фановите веруваа дека пејачката и актерот се сродни души, но тие ненадејно изјавија дека не можат да функционираат заедно поради пренапорните распореди.

No comments

Powered by Blogger.