Целиот свет беше убеден дека 15 години е мртва! Конечно се појавила и изгледа непрепознатливо

Пишува: Точка

Се прослави со хитот "Complicated", беше најголемата тинејџерска бунтовничка, а потоа се повлече од јавноста, го променила својот изглед со кој поттикна бизарни теории на медиумите.

Веќе 15 години се шират гласини на Интернет дека Аврил Лавињ се убила во 2003 година и дека издавачката куќа ја заменила со нејзина двојничка, Мелиса Валдела.


Теоријата вели дека Аврил тешко ја поднесувала славата, па најмила дублерка по име Мелиса. Борбата со депресија ја натерало да си го одземе животот, па наводно Мелиса го превзела нејзиниот идентитет.


Овие шпекулации изгледале за вистинити бидејќи го променила музичкиот правец, формата на носот и тетоважите кои наводно не се наоѓале на истото место каде ги имала Аврил.

После долгото шпекулирање на медиумите, Аврил била видена во друштво на маж со кој уживала на плажа. Со некој килограм плус, Аврил не изгледа потполно исто како што ја паметиме сите, но сепак очигледно навистина се работи за пејачката.


Аврил вчера го прославила 33 - от роденден во еден ресторан во Западен Холивуд.

No comments

Powered by Blogger.