Конечно урната куќата која 14 години го блокирала сообраќајот: Сопствениците не сакале да го напуштат домот, но оваа понуда не можеле да ја одбијат

Пишува: Точка

Славната куќа која цели 14 години го блокирала сообраќајот во кинескиот град Шангај, конечно е урната.

Нејзините жители од 2003. година па до денес упорно ги одбивале сите понуди да се преселат, тврдејќи дека понуденото обештетување за куќата не е доволно. Конечно оваа година прифатиле за куќата да им исплатат околу 412.000 долари.

Инаку, ваквите ситуации не се реткост. Некои сопственици одбиваат да ги продадат своите домови и остануваат заглавени меѓу автопати или високи нови згради.

Оваа конкретна куќа во Шангај блокирала сообраќајница од четири ленти, која на тој дел морала да биде намалена на две ленти.
Како што пишуваат кинеските државни медиуми, куќата била урната за само 90 минути.

No comments

Powered by Blogger.