12-годишниот син на Дејвид Бекам ги налутил и згрозил фитнес фановите

Пишува: Точка

Неодамна, 12-годишниот Круз Бекам ги налутил фитнес фановите откако објавил видео од теретана во кое вежба на бенч со тежина која е многу поголема од неговата килажа.

Фановите се загрижиле за неговото физичко здравје бидејќи 12-годишно дете кое, наизглед речено не е претерано силно, не би смеело да подига толкава тежина.
Некои коментирале дека сцената е прилично тажна бидејќи Круз треба да ужива во детството, други го бодреле да продолжи со вежбањето, а потоа некој конечно го забележал детаљот кој ја открил вистината позади видеото.

“Кого пробувате да измамите? Точно се гледа дека некој од страна му помага. Малиот само глуми”, гласел коментарот.
Ваквиот коментар воедно ги "смирил" оние кои биле загрижени и кои коментирале дека за ваквата вежба, лицето би требало да има минимум 15 години и да ја изведува со задолжително присуство на стручен тренер.

No comments

Powered by Blogger.