Малата Меди исчезна пред 10 години, а сега ја бараат во нашето соседство: Потрага по мистериозната жена во виолетово

Пишува: Точка

Детективите кои го истражуваат исчезнувањето на Меделин МекКен, трагаат по жената која се смета за "клучен сведок". Тие во потрагата по Меги дошле до Бугарија, каде истражуваат нов траг.

Британските инспектори во Бугарија ја бараат мистериозната "жена во виолетово", за која веруваат дека може да го разреши случајот и дека располага со докази поврзани со исчезнувањето на 3-годишната Меди пред 10 години.

Таа живеела во близина на летувалиштето Праја де Луз, од каде Меделин исчезнала во мај 2007. година. Жената, меѓутоа, ја напуштила земјата кратко по смртта на својот сопруг, па полицијата уште трага по неа и не знае каде се наоѓа.

Британскиот таблоид The Sun открил дека сопругот на таа жена, кој починал, бил осудуван педофил. Според најновите информации, брачниот пар работел во летувалиштето од кое Меди исчезнала.

Келнерката која работела со нив, рекла дека "жената во виолетово" била видена во локалот во кој Меделин била со родителите. Мештаните сето ова го пријавиле во полиција веднаш по исчезнувањето на девојчето, но никој не преземал ништо, се додека службениците на Скотланд Јард не ги преиспитале повторно тие изјави.
Новиот траг, кој бил откриен неодамна, ја одвел полицијата во источна Европа, откако полицијата минатиот месец ја идентификувала клучната личност, жената во виолетово од Бугарија, која би можела да го разреши случајот стар една деценија.

Да потсетиме, родителите Кејт и Гери, вечерале кога Медлин на 3. мај 2007. година исчезнала од собата во која спиела. Кога Кејт се вратила да ја провери, видела дека ја нема. Овој случај е еден од најважните во модерната историја, кога станува збор за исчезнато лице.


No comments

Powered by Blogger.