По 10 години врска открила страшна тајна за своето момче: Знаев дека има нешто необично во врска со него, но не знаев што

Пишува: Точка

Холи Оди десет години била заљубена во еден од најладнокрвните сериски убијци во историјата на САД, Тод Колеп, кој во ноември минатата година бил уапсен по што признал седум убиства.

Колеп бил уапсен на својот имот во Јужна Каролина, каде со месеци ја држел заробена 30-годишната Кала Браун, врзана со ланец во контејнер. Полицијата на тој имот го пронашла и телото на момчето на Кала, Чарлс Карвер, кого Колеп го застрелал пред очите на несреќната девојка.

Колеп ги признал убиствата на уште седум луѓе кои ги убил во период од 13 години. Поради тоа не добил смртна казна, туку седум доживотни.

Неговата долгогодишна девојка Холи сега за прв пат проговорила во врска со него.

"Ми даваше многу внимание, покрај него се чувствував важно", рекла Оди и додала: "Сепак, секогаш знаев дека има нешто необично во врска со него, но не бев сигурна што...".

Таа често му позајмувала пари, а за работата да биде уште полоша, дури и тогаш кога го купил контејнерот во кој ја држел девојката на ланец. Рекол дека му е потребен контејнер за резервите на храна на имотот.
"Бев во тој контејнер кога го средуваше, ништо не ми беше сомнително. Изгледаше како обично складиште", вели Холи.

Кога полицијата ја пронашла Кала, таа точно им објаснила што му направил Тод на нејзиното момче, два месеца ја силувал и кажувал колку луѓе убил, но и дека и зборувал за некоја девојка Холи која планирал да ја убие.

"Кога го слушнав тоа, си помислив: "Дали таа го кажа моето име? Да, таа го кажа моето име"", рекла жената која десет години била заљубена во сериски убиец.

Колеп инаку се занимавал со продажба на недвижнини и изгледало како да живее обичен живот.

No comments

Powered by Blogger.