Тест за 1 минута: Кое животно го гледате најјасно?

Добро погледнете ја сликата и одговорете најбрзо што можете – кое животно го гледате?

Пишува: Точка

Вистина е дека има повеќе, но само едно би требало да ви остави впечаток и да го видите најјасно.

Токму тоа понатаму ќе ви открие нешто повеќе.

Кој е вашиот одговор, кое животно го видовте прво и најјасно?

Гулаб

Симбол на надеж, мир и поврзаност. Вашата душа е чиста и спокојна. Гледате позитивно во секоја ситуација и способни сте да ги инспирирате другите да го направат истото. Не сте материјалисти, повеќе ве врзуваат духовни работи.


Пеперутка

Пеперутката е симбол на убавината и задоволството, па тоа значи дека го цените секој убав момент во животот. Мразите празни разговори и не сакате да ви е здодевно. Се потпирате на физичката убавина кога ви треба да успеете.


Орел

Орелот е симбол за слободен дух. Постојано барате авантура. Летате високо и сметате дека заслужувате. Горделиви сте и силни. Не сакате забрани и ограничувања. Независноста е она што или ги привлекува или ги оттргнува луѓето од вас.


Куче

Симбол на лојалност и семејство. Несебично се давате и вложувате за луѓето кои ги сакате. Сите може да се потпрат на вас, бидејќи правите да се чувствуваат безбедно во ваше друштво.


Волк

Волкот е симбол на приватноста. Иако често се поврзува со осаменоста, всушност, вие сте човек кој сака да има свој тим од неколку блиски лица. Имате лимитиран социјален живот и тоа ви одговара. Пребирливи сте, но душата ви е богата со мудрост и нежност. Заштитнички сте настроени кон она што ви значи.


Богомилка

Богомилката е симбол на осаменост и значи дека и вие си ја сакате самотијата. Преферирате учење од книга, отколку преку комуникација. Не сакате празни разговори. Интелигентни сте и внимателни, но и вешти манипулатори ако има потреба.

No comments

Powered by Blogger.