Поучна приказна: Да се биде човек чини 0 денари

Оваа приказна е доказ дека животот враќа на неочекуван начин.

Пишува: Точка

Едно сиромашно момче продавало роба од врата на врата за да си ги плати трошоците на медицинскиот факултет. На крајот од денот кога погледнал во џебовите пронашол само неколку истуткани банкноти.

Бил гладен, но не можел да си дозволи вечера. Одлучил да ги замоли соседите за малку храна. Кога затропал му отворила една млада девојка и посрамен и побарал нешто за пиење, наместо за јадење.

Девојката се вратила со голема чаша млеко и кога момчето ја испило ја прашало колку е должно. Девојката му одговорила дека не чини ништо, односно дека чини 0 денари да се биде човечко суштество. Момчето ѝ се заблагодарило од срце и отишло по својот пат, длабоко инспирирано.

По неколку години девојката се разболела многу и ѝ требало итна операција. Кога хирургот влегол во просторијата ја препознал девојката, која му помогнала пред неколку години кога сѐ уште бил студент на медицина. Хирургот вложил големи напори нејзината операција да биде успешна.

По неколку седмици на девојката и стигнала сметката за трошоците за операцијата. Таа ја отворила и на неа имало залепена порака: „Платено во целост со една чаша млеко.“

Животот очигледно враќа на неочекуван начин.

No comments

Powered by Blogger.