ZTE Blade Z Max е 6 инчен смартфон кој чини само 129 долари

Пишува: GSM.mk

Цените на добрите смартфони продолжуваат да паѓаат – денес е многу лесно да најдете квалитетен кинески телефон за околу 200 евра, кој не само што ќе понуди добри перформанси, туку и ќе ги залаже оние околу вас дека се работи за поскап телефон. ZTE е еден од производителите кој нуди таква линија на смартфони, а најдобар доказ за тоа е новиот Blade Z Max смартфон, кој има 6 инчен дисплеј и супер солидни спецификации со оглед на цената од само 129 долари во Кина.

Имено, процесорот е Snapdragon 435 со осум јадра, кој многу конкуренти го употребуваат во двојно поскапи смартфони. Тука е помогнат од солидни 2 GB рам меморија и 32 GB простор, со можност за проширување преку micro SD картичка. Дисплејот исто така има висока резолуција – Full HD во оваа класа досега беше незамисливо, а тој ќе биде напојуван од прилично голема батерија од 4.080 mAh со поддршка за брзо полнење.



Огромно изненадување кај ZTE Blade Z Max е и задната камера, поточно, двојната задна камера, која е комбинација на главен сензор од 16 мегапиксели и втор сензор со 2 мегапиксели, кој се користи за мерење на длабочината на сликата. Напред пак има мошне солидна камера од 8 мегапиксели, што е исто така голем бонус за толку евтин смартфон, а истото важи и за читачот за отпечатоци во задниот дел. Не помалку важно, телефон доаѓа со вграден Android Nougat 7.1.1.

За 129 долари, ова се чини како комплетно пакување за сите оние кои сакаат комплетен смартфон со голем дисплеј. Да, цената се однесува за пазарот во Кина, но таа и кај нас не би требало да биде претерано повисока.

No comments

Powered by Blogger.