Селена Гомез и The Weeknd разменуваат нежности низ Лос Анџелес (фото)

Бакнежи помеѓу Селена Гомез и The Weeknd првпат беа уловени во јануари оваа година.



А, неколку месеци подоцна, нивната врска сѐ уште трае и очигледно зајакнува.

Пеачите ја покажаа својата љубов и разменија нежности додека шетаа низ Лос Анџелес во понеделникот.

Селена изгледаше многу едноставно, во кратки тексас шорцеви кои беа целосно покриени од широк дрес и со минимална шминка. Нејзиното момче исто така е во опуштено издание.

Двајцата изгледаат прекрасно, а по бакнежот на Селена во рамото на The Weeknd може да се види дека се навистина заљубени и очигледно среќни.

Пред неколку дена, парот исто така беше забележан во Дизниленд во Калифорнија, каде двајцата уживале.

Погледнете го заљубениот пар:


Matching Style

Can’t Keep Her Hands to Herself

Late-Night Snacks

Loved Up


No comments

Powered by Blogger.