"Too Good at Goodbyes" е новата песна на Сем Смит


Пишува: Точка

Оскаровецот Сем Смит ја објави новата песна од албумот кој се очекува да биде издаден за брзо време. Сем имаше изјавено дека многу му е драго што сите го оставиле да се затвори дома и да се фокусира на нова музика после проблемите низ кои поминал.

Песната предводена со пијано го опишува оддалечувањето на пејачот од нестабилна врска. Во интервјуто за Apple Music, кое се одржа токму пред да се објави песната, Смит изјави дека песната е една од повеќето кои го опишуваат неговиот приватен љубовен живот. “Оваа песна е за мене и за врската во која бев. Овој албум всушност не е за мене, има само четири песни кои ме опишуваат, а останатите се однесуваат за различни нешта и луѓе кои поминале низ мојот живот”.

Смит исто така откри некои детали за албумот, иако не го откри насловот кој ќе го носи. Смета дека овај албум бил од голема важност за него бидејќи сакал да се предизвика самиот себеси и да се плаши повторно”, објасна Смит. Албумот ќе биде достапен во две верзии: едниот ќе има 10 песни, а другиот 14 песни кој ќе бидат објавени пред Божиќ. Исто така соработувал со продуцентот Тимбеленд и дека има и дует.

No comments

Powered by Blogger.