Официјално: Ова е Samsung Galaxy Note 8!

Note серијата на Samsung претрпе голема оштета минатата година, поради Note 7 фијаското. Конечно, Galaxy Note 8 беше претставен на 23 август. Да погледнеме какви карактеристики и дизајн не очекуваат и дали ќе успее уредот да ја врати на нозе серијата:

Пишува: GSM.mk
Дизајн

На прв поглед, уредот изгледа речиси исто сo минатогодинешниот модел. За среќа, тоа не значи ништо лошо, бидејќи Note 7 доаѓаше со премиум дизајн. Единствена забележлива разлика е малку поголемата должина, како и поголемиот екран. Note 8 е достапен во midnight black, orchids grey, maple gold и deep-sea blue.









Дисплеј и камери

Како што рековме, дисплејот на Note 8 е малку поголем од оној на неговиот претходник. Станува збор за 6.3 инчен Super AMOLED Infinity дисплеј со резолуција од 1440 x 2960 пиксели. Note 8 доаѓа и со дуален систем камери од 12 мегапиксели и познатиот bokeh ефект. Ќе биде интересно да ги споредиме камерите со оние на iPhone 7, бидејќи доаѓаат со слични функции. Очекувајте нова фото битка :)

Перформанси

Под хаубата, се наоѓа Snapdragon 835 со 6GB RAM и 64GB меморија. Се разбира, тука е и пенкалото со чија помош се раководи со дисплејот.

Батерија

Она што сите ги интересира е неговата батерија. Во овој случај, станува збор за батерија од 3300mAh. И покрај целото фијаско со Note 7 уредите, Samsung тврди дека посвети особено внимание на батериите и безбедноста на своите корисници. Како за споредба, Note 7 доаѓаше со батерија од 3500mAh. Се надеваме дека новиот уред нема да ги има истите проблеми.



Note 8 ќе биде достапен од 15 септември. Има заинтересирани? :)

No comments

Powered by Blogger.