Samsung има продадено 20 милиони Galaxy S8 единици!

Jужнокорејската компанија сподели дека ја надминала својата цел од 20 милиони продадени Galaxy S8 единици..


Пишува: GSM.mk

Според Strategy Analytics, компанијата продавала околу 278,800 Galaxy S8 единици на ден, од 21 април досега. До крајот на јуни, вкупната бројка изнесувала 19.8 милиони. Истотака, компанијата потврди дека продажбата на S8 била 15% повисока од онаа на неговиот претходник.

Иако сега за сега работите изгледаат добро за Samsung, блиски извори тврдат дека продажбата на S8 не одела толку добро како што било очекувано. Тоа е и една од причините за подранетото претставување на новиот Galaxy Note 8. Останува да видиме до крајот на годината кој уред ќе покаже најдобри резултати и најдобра продажба.

No comments

Powered by Blogger.