ДСЗИ: Потврдено е труење со храна кај шест лица во „Седмица“ предизвикано од Salmonella enteritidis

Пишува: A1on


Државниот санитарен и здравствен инспекторат на ден 23.08.2017 година електронски ја доби завршната информација од ЈЗУ ЦЈЗ Скопје, во врска со труењето од Сендвичара 7 во Скопје во која во стручното мислење стои:

„Врз основа на должината на инкубационит период, клиничката слика на затруените лица, епидемиолошката анкета, епидемиолошката поврзаност на затруените лица, докажување на Salmonella enteritidis кај 6 (шест) затруени лица можеме да констатираме дека се работи за труење со храна предизвикано од Salmonella enteritidis“

Државениот санитарен и здравствен инспекторат ќе ја следи состојбата и ќе постапи согласно надлежностите, односно ќе изврши контролен надзор во објектот на сендвичарницата во однос на контрола на наредените противепидемиски мерки во врска со труењето и ќе превземе соодветни правни мерки.

No comments

Powered by Blogger.