Opel дневно губи по 4 милиони евра

Пишува: Точка

Од PSA очекуваат дека Opel ќе продолжи да се соочува со голема загуба.

Според неофицијални извештаи, во првата половина од оваа година, Opel е „во минус“ неверојатни 460 милиони долари!

Во претходните 16 години, Opel се соочува со големи загуби, првенствено поради големите инвестиции во намалување на емисиите на издувните гасови кај нивните модели. Opel, како дел од GM, морал самостојно да работи на овој потфат, со оглед на тоа дека европските закони по повод штетните емисии на гасови се многу построги.



Во разговорите помеѓу лидерите на PSA и Opel кои се одржаа минатата недела, било потврдено дека германскиот производител ќе задржи некои од своите мотори, но повеќето ќе бидат заменети со агрегати на PSA. Исто така, огромното развојно одделение на Opel кое брои околу 7.700 работници ќе биде намалено, со што се очекува да останат само 800 вработени. Покрај тоа, Opel наскоро ќе се префрли на PSA платформи, со што ќе се остварат значителни заштеди

Карлос Тавареш, претседател на PSA, претходно изјави дека очекува Opel да стане најпрофитабилен најдоцна до 2020 година.

No comments

Powered by Blogger.