Пет “голи” изданија на MTV VMA 2017 за кои сите зборуваат

Пишува: Точка

Во калифорнискиот град Инглвуд беше одржано доделувањето на MTV Видео музичките награди за најуспешните видео спотови во изминатата година.

Згодните дами и нивните смели комбинации и овојпат го украдоа целото медиумско внимание.

Доделувањето на наградите за најдобри видео спотови во музичката индустрија и оваа година привлече голем број на славни личности. Овој важен датум во музичката индустрија веќе традиционално се смета за добра прилика за покажување на смелите модни комбинации. Затоа, не е ни чудно што во прв план беа дамите кои се појавија во разголени изданија.

Телевизиската манекенка и водителка Хајди Клум била магнет за погледи во златно-провидниот фустан на Питер Дандас.



Деми Ловато блескала во провидниот топ со потпис на Зухаир Мурад, додека актерката и манекенка Париз Џексон се одлучила за “гол” фустан на Диор, под кој ѕиркала трендовската долна облека на познатата француска модна куќа.





Алесандра Амбросио одбрала мини провиден фустан во војнички стил со потпис на Балман, во комбинација со исклучително високи чизми од истиот бренд.



Меѓу најсмелите изданија се најде и актерката Оливија Мун, која носела фустан на Николас Џебран.


No comments

Powered by Blogger.