Новиот iPhone 8 ќе ги принуди Apple корисниците да ги променат своите навики

Пишува: Точка


Стручњаците се уверени дека Apple за само неколку недели ќе претстави нова верзија на светски популарниот паметен телефон iPhone, а по се' изгледа и дека корисниците ќе мора да се навикнат и на уште една голема промена.

Гордон Кели, соработник на Forbes, изјави дека новиот телефон ќе биде без безбедносниот Touch ID којшто се користеше уште од iPhone 5S од 2013-та година, пишува Mirror.

Нов начин на идентификација

- Apple подготвува не толку пријатно изненадување за потенцијалните корисници на новиот iPhone 8, напишал Кели.

- Моментално поголемиот дел од моите извори веруваат дека кај iPhone 8 ќе изостане Touch ID (што ќе направи голем притисок врз Face ID), и покрај сите сугести дека би можел да биде сокриен во најверојатно зголемениот Home тастер за вклучување на телефонот.



Веќе подолго време кружат гласини дека iPhone 8 нема да добие Home тастер, но Apple наводно работи на тоа да интегрира читач за отпечатоци на прсти во самиот екран.

Поради технички проблеми тоа изгледа се' уште нема да се случи. Наместо тоа, новиот iPhone најверојатно ќе употребува технологија за скенирање на окото, слична на онаа којашто ја користи Samsung Galaxy S8.

Тоа значи дека корисниците ќе го отклучуваат својот телефон такашто ќе го постават пред очите, наместо со едноставен отпечаток на прстот, и притоа, не се сите сосема сигурни дека се работи и за подобар начин.

Се очекува дека новиот iPhone 8 ќе биде претставен во првите недели на месец септември, заедно со iPhone 7S и iPhone 7S Plus.


Apple ќе го разликува својот најнов тип на паметен телефон со помош на значајно поголемиот OLED екран и бежичното полнење, тврдат гласините. Исто така, цената би требало да биде неверојатно висока.

Претходно овој месец се појави и веста дека Apple ќе го претстави новиот iPhone 8 во златна боја. Се појавија и фотографии коишто наводно дошле директно од кинескиот производител на iPhone, Foxconn.

No comments

Powered by Blogger.