Високата цена на iPhone 8 може да одбие речиси 80 отсто од потрошувачите

iPhone 8 release date, specs and price: Premium model will cost $999

Galaxy Note 8 дебитира со висока цена и се чини дека можеме да го очекуваме јубилејниот iPhone 8 да биде најскапиот модел на Apple досега. И ако мислите дека ова е веќе преголем залак за вас, сигурно не сте единствените.

Според аналитичарот Марк Московиц од „Barclays“ предводникот може да чини помеѓу 1.000 и 1.200 долари, а тоа е доволно за да одврати огромно мнозинство потенцијални купувачи. Тој предвидува дека само 18 отсто од нив ќе имаат интерес да трошат 1.000 или повеќе долари на нов паметен телефон.

Од една страна, ова не е нужно лошо за Apple, бидејќи самата идеја за iPhone 8 треба да биде позиционирана како високо-буџетска опција, па затоа очигледно не е за секого.

Од друга страна, инвеститорите очекуваат истиот телефон да донесе помеѓу 30 и 35 отсто од продажбата на нови модели на iPhone.

И ова веќе може да биде проблем.

No comments

Powered by Blogger.