iPhone 8 во Македонија ќе чини 1500 евра!

Нов ден, нови предвидувања за iPhone 8. Овој пат, станува збор за неговите цени...

Пишува: GSM.mk

Според Benjamin Geskin, iPhone 8 со 64GB меморија ќе чини 999 долари. Но, доколку ви е потребно повеќе меморија, верзијата со 256GB ќе чини 1099 долари, а онаа со 512GB ќе биде 1199 долари. 

Што значи во Македонија моделот со 512GB би чинел околу 1300 евра, што е повеќе од било кој модел.

Веќе знаевме дека новиот iPhone модел ќе биде поскап од новите верзии на iPhone 7 уредите, бидејќи самото производството за смартфонот е 50% поскапо. Само еден флексибилен OLED панел за iPhone 8 од Samsung чини околу 70 долари, за разлика од панелите за сегашниот iPhone 7 кои се околу 40 долари. Очигледно, ова е цената која треба да ја платите ако сакате да бидете дел од трендот на флексибилни уреди со тенки рамки.

No comments

Powered by Blogger.