iPhone 7S и 7S Plus ќе бидат делумно поголеми од нивните претходници

Пишува: Точка

Една работа која Apple константно ја прави кај новите модели на iPhone е да се пофали колку се потенки од претходно. Сепак, според информациите од TechnoBuffalo, тие нема да можат да го направат тоа со iPhone 7S и 7S Plus, бидејќи тие ќе бидат поголеми во скоро секој правец во однос на актуелните модели. Ова секако не важи за iPhone 8, кој ќе има супер мала рамка околу дисплејот, која ќе помогне во тоа да биде помал од iPhone 7 Plus и покрај тоа што ќе има поголем 5,8 инчен дисплеј.

Зголемувањето во димензиите сепак нема да биде видливо со „голо око“, освен ако не ги споредувате постариот и поновиот модел еден до друг. Во табелата подолу може да се види дека разликите се минимални и се околу еден милиметар во сите правци, но како и да е, веројатно доволно за да придонесат за различно чувство во рака.

Како што веќе веројатно знаете, дизајнот ќе остане непроменет кај овие два модели, односно само iPhone 8 ќе има различен дизајн од сите досегашни.



Причината за зголемувањето на димензиите е вградување на повеќе можности и функционалности. Според сите информации кои ги имавме досега, iPhone 7S, 7 Plus и iPhone 8 ќе имаат безжично полнење, кое додава на дебелината на секој телефон. Ова е дефинитивно причината поради која новите модели ќе бидат подебели, но останува да видиме зошто ќе бидат пошироки и подолги од актуелните модели.

Официјалната промоција на iPhone 7S и 7S Plus е на 12 септември, заедно со iPhone 8.

No comments

Powered by Blogger.