Huawei Mate 9 Pro: Еден од најдобрите Android смартфони во моментов!

На почетокот, Huawei го најави Mate 9 заедно со неговата премиум верзија, Mate 9 Porsche Design. Набрзо, се појави и Mate 9 Pro, смартфон идентичен на Porsche Design, но со многу поевтина цена. Уредот веднаш ги освои нашите срца, а еве и зошто:



Дизајн

Huawei Mate 9 Pro е премиум смартфон кој, како што рековме, има идентичен изглед со Mate 9 Porsche Design. На предната страна се наоѓа флексибилниот edge-to-edge дисплеј и Home копчето, каде се наоѓа и скенерот за отпечатоци. Кога сме кај скенерот за отпечатоци, корисниците тврдат дека е еден од најбрзите и најточните сензори досега. Достапен само во две бои, сива и златна.



Дисплеј и камери

Mate 9 Pro доаѓа со 5.5 инчен дисплеј, иста големина како онаа на iPhone 7 Plus, и резолуција од 1440x2560 пиксели. На задната страна се наоѓа дуален систем камери од 20 и 12 мегапиксели, а селфи камерата е од 8 мегапиксели. Ја има истата портрет функција како iPhone 7 Plus, која ви овозможува одлични слики и фотосесии :).





Перформанси

Под хаубата, се наоѓа Kirin 960, заедно со 6GB RAM и 64GB меморија. Работи неверојатно брзо и апликациите се вклучуваат без никаков проблем. Батеријата е од 4000mAh и може да издржи речиси цел ден при лесно користење на уредот.

Huawei Mate 9 Pro може да го најдете во Ledikom.mk, по цена од 39990 денари.

No comments

Powered by Blogger.