Huawei го престигна Apple

Според податоците за јуни и јули, Huawei продал повеќе паметни телефони од Apple и го зазеде второт место на глобалниот пазар за паметни телефони. Од Huawei покажаа дека биле сериозни минатата година, кога најавија долгорочни планови за станување втора најголема мобилна компанија во светот и надминување на Apple и Samsung. Веќе во вториот квартал на годинава се приближија до Apple со помалку од 3 милиони испорачани телефони, а според последните резултатит на аналитичката компанија Counterpoint, во јуни и јули годинава испорачале повеќе телефони од Apple. Исто така, резултатите за август изгледаат одлично, но што се однесува на третиот квартал од годинава, можеме да претпоставиме дека второт место повторно ќе го заземе Apple затоа што ќе ги продаваат новите модели на iPhone.

Според компанијата Counterpoint, на глобалниот пазар, кај дистрибутивните канали и меѓу програмерите на апликации кинеските компании се еднакво битни како Samsung и Apple, со тоа што нивниот раст е побрз во однос на лидерите на пазарот. Успехот на Huawei на глобалниот пазар може да се припише на постојаното инвестирање во истражување и развој во комбинација со агерсивен маркетинг и ширење на продажните канали.

Интересно е дека меѓу првите 10 најпродавани телефони на светот во истиот период нема ниеден телефон на Huawei – првите две места ги заземаат iPhone 7 и 7 Plus, потоа следуваат Oppo R11 и A57, Samsung Galaxy S8, Xiaomi Redmi Note 4X, Samsung Galaxy S8+ итн. Причината за тоа, според Counterpoint, е тоа што Huawei нема ниеден таканаречен hero уред како iPhone 7 или Galaxy S8 туку голем број квалитетни уреди наменети за поширок круг на корисници.

(Zimo)

No comments

Powered by Blogger.